декември 10, 2021

Недела на борба против ХИВ/СИДА (01 – 07 декември)

Црвен крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември ја одбележува Неделата на борба против ХИВ/СИДА.
По тој повод, врсничките едукатори од Општинска организација Центар на ден 10.12.2021 реализираа online едукација во ООУ “Димитар Миладинов“.
 
Осумнаесет ученици од 9то одделение се запознаа начините на превенција, какви видови инфекции постојат, знаци и симптоми на вирусот, како може да се пренесе и како се третира.
 
Продолжуваме со онлајн едукации и во другите училишта на територија на општина Центар.
 
< врати се назад