март 8, 2021

Недела на борба против рак 1-8 март

Согласно календарот на традиционални активности, од 1-ви до 8-ми март 2021 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска оргснизација Центар ја одбележа Неделата на борба против рак под мотото “Јас можам и Јас ќе успеам”.
 
Волонтерите од Клубот на млади изработија виолетови панделки кои се симбол на борбата против ракот, токму со ова мото кое носи силна порака. На 08.03.2021 ја пренесоа оваа порака на случајните минувачи низ центарот на Скопје кои ја поздравија активноста. На овој начин ја потенцираме важноста на превенцијата.
 
< врати се назад