
Недела на борба против рак 1-8 март
Oваа година, под мотото “Раната детекција спасува живот„, Црвен крст на Република Северна Македонија ја одбележува неделата на борба против рак.
Ракот е епидемија на нашето време или како што многу го нарекуваат – болест на цивилизацијата. Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.
Експертите од Меѓународната унија за рак и СЗО нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики.
Некои навики на кои што можеме да влијаеме се:
- Престанок на пушењето
- Зголемување на физичката активност
- Јадење здрава храна
- Избегнување на прекумерна конзумација на алкохол
- Одржување на нормална телесна тежина
- Избегнување на долготрајна изложеност на сонце
- Заштита од инфекции
