
март 3, 2025
Недела на борба против ракот
По повод одбележувањето на Недела на борба против ракот, Црвен крстна РСМ- Општинска организација Центар организираше предавање за вработените во Комерцијална банка.
Предавањето на тема ” Рано откривање на рак на матка” го одржа д-р. Ајла Хаџија Скендери од Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.
Предавањето поттикна голем број прашања и отвори дискусија во однос на превенцијата и информираноста за во однос на оваа болест.
Благодариме на д-р Ајла за днешното предавање.




