март 9, 2015

*Недела на борба против ракот 01.03-08.03*

Во склоп на активностите за одбележување на *Недела на борба против ракот 01-08.03*, младинците од Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар на ден 08.03.15 со почеток во 13:30 часот во центарот на градот делеа превентивен материјал за „Тумор на дојка“ на припадничките на понежниот пол и воедно им го честитаа 8ми март со изработените цвеќиња од креативната група на клубот на млади.
Акцијата помина во најдобар ред и истата ја реализираа 20 волонтери.

< врати се назад