октомври 24, 2019

Недела на борба против шеќерна болест

Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар, по повод Недела на борба против шеќерна болест, спроведе активност за мерење шеќер во крвта во неколку училишта на територија на општина Центар. Оваа активност се спроведе во ООУ „11-ти Октомври“, ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Гоце Делчев“ и СУГС „Јосип Броз Тито“ кадешто целна група беа наставничкиот колектив и други вработени во училиштето.
Во активноста земаа учество 122 вработени, од кои само кај помалку од десетмина вредностите беа над горната граница, но истите беа свесни за тоа и се изјаснија дека контролирано го следат нивото на шеќер во крвта. Активноста беше реализирана од страна на д-р Аленка Шопова и д-р Христина Тодоровска и помина со одличен успех.

 

< врати се назад