
октомври 14, 2020
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНА БОЛЕСТ – Онлајн едукација на тема “Здрави животни навики во борба против дијабетот”
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја одбележа Неделата на борба против шеќерната болест која се одбележува секоја година од 10ти до 16ти октомври преку различни активности кои вклучуваат информирање на граѓаните и подигнување на свеста, како и активности за мерење на ниво на шеќер во крвта.
Оваа година, поради пандемијата на коронавирус, се реализираше онлајн едукација на тема “Здрави животни навики во борба против дијабетот” на ден 14.10.2020 со почеток во 18 часот. Предавач на едукацијата беше д-р Аленка Шопова, а учесници беа родители на учениците од ООУ “Димитар Миладинов” кои се членови во Советот на родители во училиштето.
Учесниците имаа можност да се запознаат со видовите дијабет, начините на превенција и начините на препознавање рани симптоми.
Едукацијата помина во најдобар ред, а учесниците го изразија своето задоволство и интерес за вклучување и во други активности.












































