октомври 25, 2012

„Недела на борба против шеќерната болест“

По повод „Неделата на борба против шеќерната болест“ О.О. Црвен крст Прилеп реализира две едукативни предавања на тема: “Дијабетот, компликации и како да живееме со дијабетот”. Целна група на едукациите беше млади и здружението на пензионери со кое О.О. Црвен крст Прилеп остварува долгогодишна соработка посебно на планот на здравствено – превентивна и социјална дејност.

Покрај информации за заболувањето присутните добијаа и конкретни совети како да се живее со болеста, режим на исхрана и спречување на компликации. За сите заинтересирани беше извршено бесплатно мерење на шеќер и остварена е бројка од 40 мерења. Активноста ја имплементираа лекари од Комисијата за здравствено – превентивна дејност и волонтери од Клубот на млади.

< врати се назад