
март 3, 2020
Недела на борба против срцево-садови заболувања 21-28 февруари
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 29.02.2020 година ја одбележа Неделата на борба против срцево-садови заболувања. За таа цел, волонтерите на Општинска организација Центар го искористија саботното утро за спроведување активност за подигање на свеста на граѓаните за заштита и превенција од срцево-садови заболувања преку делење информативен материјал во Градскиот парк. Тие имаа прилика да ги информираат граѓаните за тоа што претставуваат заболувањата на срцето, кои се можните ризик фактори, кои се најчестите заболувања, кои може да бидат причините и начините за превенција. Граѓаните покажаа интерес на темата и ја поздравија активноста.