февруари 24, 2021

Недела на борба против срцево-садови заболувања 21-28 февруари

Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 февруари, одбележува Недела на борба против срцевосадови заболувања, под мотото “Здраво срце, среќно срце”.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 23.02.2021 година ја одбележа Неделата на борба против срцево-садови заболувања преку едукација на оваа тема. Советот на родители од ООУ “Димитар Миладинов“, во 18.30 часот се вклучи во активноста за подигање на свеста за заштита и превенција од срцево-садови заболувања. Учесниците имаа прилика да се информираат за тоа што претставуваат заболувањата на срцето, кои може да бидат причините и начините за превенција, кои се можните ризик фактори, кои се најчестите заболувања и слично. Тие покажаа голем интерес на темата, развија дискусија преку различни лични и туѓи искуства и го искажаа своето задоволство од едукацијата и од предавачот д-р Аленка Шопова.
 
< врати се назад