
март 7, 2023
Недела на борба против срцево-садови заболувања 21-28 февруари
На ден 06.03.2023 (понеделник), во просториите на ООУ „Св. Кирил и Методиј“, по повод Недела на борба против срцево-садови заболувања, се спроведоа две едукативни предавања на тема „Превенција од срцевосадови заболувања” кои беа наменети за учениците од осмо одделение.
Предавачи за оваа работилница беа Ивона Лазаровска, Исра Асани и Махаела Ангелкоска од Клубот на млади на Општинска организација Центар, кои се дел од новата генерација врснички едукатори.
За време на предавањето учениците имаа можност да се запознаат со Срцево садовниот систем и неговите болести.
Се обработија деловите “Што е срце?”, “Што се крвни садови”, која е функцијата на крвотокот и зошто е важна за човекот, Болести на крвните садови, Срцев удар, Мозочен удар, Ризик фактори, Симптоми на срцев удар, Симптоми на мозочен удар, Причини и превенција на болести на Крвниот систем, Хипертензија, Хипотензија, Физичка активност и обезност, Конзумирање алкохол, Психички стрес и Дијабет.
Предавањето беше од интерактивен карактер со споделување на случки и примери од страна на учениците, и како би требало да се постапи при дадени ситуации.


