
Недела на борба против срцевосадовите заболувања 21 – 28 февруари
Водич за 5 најчести болести на срцето
Срцевите болести се новотворевини или тумори и болести на градите, дишните патишта, тие се најмасовните убијци на човештвото.
Во развиените земји во светот на прво место се заболените и умрените од кардиоваскуларни болести, како последици на нездравиот начин на живот, пред се неумереност во јадење и пиење, конзумирање на нездрава храна и пијалоци, слабата физичка активност и високиот процент на стрес, а како приоритети се наведени свеста за грижата, здравјето и едуцираноста на населението.
Ќе наведеме само 5 најчести болести на срцето и совети како да ги избегнеме со правилен начин на живот :
- Миокарден инфаркт спаѓа во исхемични болести на срцето, настанува поради недостиг во снабдувањето со доволно крв во ткивата, дел од срцевиот мускул умира. Таа состојба се нарекува миокарден инфаркт или срцев удар. Настанува како последица на запушени коронарни артерии.
Како причина се јавува намалена физичка активност, зголемен внес на соли, масти и шеќер, исхрана со сиромашна омега 3 масни киселини и зависности како што се пушењето и алкохолизмот, стрес после кој доаѓа до зголемен крвен притисок и холестерол.
Физичката активност помага во регулирање на срцевата активност, во во регулирање на телесната тежина, нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок и во зајакнување на целокуниот организам.
Веднаш треба да се престане со пушење, конзумирањето на алкохол да се ограничи на чаша црвено вино за време на ручек, да се исфрли од употреба белото брашно и неговите производи, маснотиите од животинско потекло, да се зголеми внесот на сина масна риба богата со омега 3 масни киселини и маслиново масло, да се исфрли шеќерот од употреба и да се замени со минимални количини на јачменов засладувач или мед, вклучување на физичка активност и вежби во секојдневниот живот, посебно аеробни вежби и кардио вежби од видот на брзо одење или трчање. Редовната физичка активност ќе помогне во редуцирање на стресот користејќи вежби за опуштање, масажа, ароматерапија, бавење со омилено хоби, престој на свеж воздух, намалување на работните часови во текот на неделата и сл.
2.Абнормалности и оштетување на срцевите залистоци причинуват шумови на срцето. Постојат неколку видови на шумови на срцето, а тоа се : шум на аортална стеноза, шум на аортална инсуфициенција, шум на митрална инсуфициенција и шум на митрална стеноза. Оштетените залистоци се лекуваат со хируршка операција, а лекарите советуваат за режимот на исхрана и начинот на живот после операција.
- Ангина пекторис е чувство на непријатност (вознемиреност) кога срцевиот мускул не се снабдува со доволни количини на крв или запушени коронарни артерии како последица на артеросклероза, може да се јави после анемија поради недостаток на кислород, поради аортна стеноза, артеритис, нарушување на срцевиот ритам и сл. Карактеристично е непријатно чувство на тежина, притискање или боцкање во градите и до појава на остра, силна и неподнослива болка воглавно во случај на поголеми физички напори. Превенција од оваа болест е во дејствување на хипертензија, со правилна исхрана, физички вежби и во краен случај со лекови, спречување на анемија со конзумирање на намирници богати со железо, контрола на дијабетесот, намалување на зголемени маснотии во крвта и нејзино регулирање со правилна исхрана, пред се со конзумирање на маснотии од растително потекло и исфрлување на пржена храна. Контрола на штитната жлезда исто така допринесува за рано откривање на некои болести на штитната жлезда кои се одговорни за појава на ангина. Кај веќе постоечка состојба од големо значење е превенцијата за можни удари и операциско лекување.
4. Аритмијата означува ненормален срцев ритам, а вообичаено вклучува неправилности во фрекфренцијата и редоследот на ритамот што може јасно да се види на ЕКГ дијагностика.
Тоа се ектопички удари, артериска фибрилација, вентикуларна и суправентикуларна аритмија, а причинители се психичкото нарушување и лекови. Аритмијата може да биде тахикардија кога работата на срцето е забрзана или брадикардија кога работата на срцето е успорена, а најчесто се случува во текот на спиење. Нормална тахикардија се случува после физички напор, зголемена возбуда, стрес или зголемена телесна температура. Болесни состојби кои предизвикуваат аритмија се инфаркт, ангина пекторис, промена во составот на електролитите, хипертиреоза, хипотиреоза, хипоадренализам, хиперкалијемија, лекови кои предизвикуваат аритмија може да бидат срцеви гликозиди, симпатолици и парасимпатолици. Аритмија исто така може да предизвика артериска фибрилација, атриовентрикуларен блок, екстрасистоли, пароксизимална тахикардија и Wolf-Parkinson-Whiteov синдром.
На аритмија на срцето се делува во зависност од видот, екстрасистолите може да бидат безизлезни, најчесто се предизвикани од нарушена рамнотежа меѓу електролитите или недостиг на калиум како и негово зголемување, а некои се предизвикани од миокарден инфаркт или од струен удар и може да се помогне само со електрошокови.
- Вродени срцеви аномалии најчесто се лекуваат по хируршки пат, или ако се во поблага форма и се наоѓаат на десната страна на срцето каде притисоците се помали, може да се живее со нив.
На вродените срцеви аномалии не може да се влијае со правилна исхрана, ниту може да се излекуваат со лекови. Најчесто настануваат во првото тромесечие во бременоста, во колку мајката има некоја инфекција која влијае на тоа, а можат да се појават и подоцна.
Факти
- Кардиовскуларните заболувања се причина број еден за смртноста во светот. Најголем број луѓе во светот умираат од кардиоваскуларните заволувања одошто од било која друга болест.
- Во 2004 година околу 17,1 млиони луѓе умреле од кардиоваскуларни заболувања што преставува 29% од смртноста во светот. Од оваа бројка 7,2 милиони умреле како последица на коронарна срцева болест којшто се јавува како последица на артеросклерозат а 5,7 милиони како последица на срцев удар.
- 82% од кардиоваскуларните заболувања се јавуваат кај земјите од низок и среден стандард зафаќајки ги обете популации подеднакво (мажи/жени, 1:1).
Прогноза
- До 2030 скоро 23,6 милиони луѓе ќе умрат од кардиоваскуларни заболувања а највеќе од срцев удар.Се предвидува дека КВЗ ќе остане единствена водечка причина за смрт во светот.
Што преставуваат срцевосадовите заболувања?
Срцевосадовите или кардиоваскуларните заболувања (КВЗ) се група на заболувања кои го зафаќаат срцето и крвните садови вклучувајќи ги:
- Коронарна срцева болест – заболување на крвните садови коишто го снабдуваат срцевиот мускул со крв (крвните садови на самото срце).
- Цереброваскуларна болест – заболување на крвните садови коишто го снабдуваат мозокот со крв.
- Периферна артериска болест – заболување на крвните садови коишто ги снабдуваат рацете и нозете со крв.
- Ревматски срцеви заболувања – оштетување на срцевиот мускул од ревматска треска предизвиката од бактериска инфекција на стрептококи.
- Вродени срцеви маани – малформации на срцевата структура коишто постојат уште при самото раѓање.
- Длабока венска тромбоза и пулмонална емболија – крвни згрутчувања во вените на нозете коишто доколку се откачат можат да патуваат и да предизвикаат запушување на срцето и белите дробови.
Срцевиот и мозочен удар преставуваат акутни манифестации и најчесто се предизвикани од блокада која го спречува протокот на крвта да дојде до срцето или мозокот. Најчеста причина за ова е наталожување на масни наслаги (сало) на внатрешните ѕидови на крвните садови што го снабдуваат срцето или мозокот со крв. Мозочниот удар исто така може да настане како поседица на крварење на некој крвен сад во мозокот или пак од страна на крвен згруток.
Кои се ризик факторите на кардиоваскуларните заболувања?
Најважните ризик фактори за срцевите заболувања и мозочниот удар се неправилна исхрана, физичка неактивност и употреба на цигари. Ова се таканаречени бихеворални ризик фактори и во 80% се причина за коронарната срцева болест и цереброваскуларните заболувања.
Ефектите од нездрава исхрана и физичка неактивност може да предизвикаат зголемен крвен притисок, зголемена глукоза и масти во крвта, преголема телесна тежина и појава на гојазност. Сите овие наброени промени во суштина преставуваат високи ризик фактори.
Исто така постојат и предиспонирачки фактори за КВЗ, уште така наречени “причини на причинителот”. Тие преставуваат одраз на социјаните, економските и културалните промени – глобализација, урбанизација и стареењето на популацијата. Останати детерминирачки фактори за КВЗ се стресот и сиромаштијата.
Кои се најчестите симптоми на кардиоваскуларните заболувања?
Симптоми на срцев удар
Најчесто не постојат симптоми за болестите на крвните садови. Срцевиот удар или мозочниот удар може да бидат и првиот симптом на некоја постоечка болест. Симптомите на срцевиот удар вклучуваат:
• Болка или дискомфорт во средината на градите;
• Болка и дискомфорт во рацете, левото рамо, зглобовите, вилицата или грбот.
Лицето може да почувствува потешкотии во дишењето или одземање на здивот, лошење и повраќање, вртоглавица, облевање со ладна пот и бледило. Кај жените најчесто се јавува губење на здивот, повраќање, гадење и болки во грбот и вилицата.
Симптоми на мозочен удар
Главен симптом на мозочниот удар е ненадејна слабост на лицето, рацете или нозете најчесто од едната страна од телото. Почетните или иницијални симптоми преку кои се наговестува ударот се: конфузија, тешкотии при зборување или разбирање на говорот, тешкотии при гледање со едно или со двете очи, тешкотии во одењето, вртоглавица, губење на рамнотежа или координација, силна главоболка без причина и губење на целосна свест.
Доколку се почувствуваат овие симптоми неопходно е да се побара итна медицинска помош.
Зошто кардиоваскуларните заболувања имаат висока стапка кај земјите со низок и среден општествен статус.
- Повеќе од 80% од смртните случаеви во светот се јавуваат кај земјите со низок и среден општествен статус.
- Луѓето во ниските и средноразвиените земји се поизложени на ризик факторите кои водат до КВС и другите незаразни заболувања. Исто така, тие се помалку изложени на превентивните кампањи и напори за спречување на КВЗ одошто луѓето во високо развиените земји.
- Луѓето во ниските и средноразвиените земји коишто страдаат од КВЗ имаат потежок пристап до здравствената заштита а истото важи и за раната детекција на болестите.
- Како резултат на општествената слабост многу луѓе умираат помлади поради КВЗ и тоа во најпродуктивните години од својот живот.
- Најафектирани се најсиромашните луѓе во земјите со низок и средн стандард.
- На макро – економско ниво КВЗ преставуваат голем терет на земјите во равој. Се проценува дека срцевите болести, мозочните удари и дијабетот ќе го намалат годишен бруто приход за 1-5% на земјите во развој, такашто многу луѓе ќе умрат порано. На пр: Се проценува дека во наредните десет години Кина ќе загуби 558 билиони долари од националниот приход како последица на срцевите болести, мозочните удари и дијабетот.
Причини и Превенција од КВЗ
Превенцијата на оваа група заболувања се движи во две насоки:
- Примарна превенција
- Секундарна превенција
Примарната превенција е наменета за луѓе кои влегуваат во ризичната група за развивање на КВЗ, и се стреми кон намалување на ризик факторите. Секундарната превенција пак е наменета за луѓе кои веќе имаат развиено клиничка манифестација на КВЗ а се стреми кон превенција од повторно појавување на срцев напад.
Причини за КВЗ
Цигари и пушење:
- докажано е дека срцевиот удар е 3 до 4 пати позачестен кај пушачите одошто кај непушачите. Пушачите коишто доживеале срцев удар потешко го преживуваат и се опоравуваат одошто непушачите. Ризикот од срцев удар е 10 пати поголем кај мажите пушачи одошто непушачите.
Исхрана:
- правилната исхрана е предуслов за добро здравје и причина за појава на голем број болести доколку не се внесува квалитетна храна. Овошјето, зеленчукот, житариците, месото од риба и пилешко се основните производи кои нудат големо количество на витамини, минерали добри масти и скроб за нормално функционирање на организмот. Луѓето кои имаат зголемена телесна тежина влегуваат со ризичната групата за добивање на КВЗ.
Холестерол:
- холестеролот е тесно врзан со правилниот начин на исхрана. Зголеменото ниво на холестеролот во крвта е преизвикан од неправилна исхрана и внесување на голема количина на лоши масти (брза храна). Зголемениот холестерол во крвта предзвикува повишен крвен притисок и појава на атеросклероза.
Зголемен крвен притисок (хипертензија):
- Крвниот притисок е мерило за тоа колку напорно крвта се пробива низ ѕидовите на артериите движејќи се низ телото. Друго име за висок крвен притисок е хипертензија.Кога крвниот притисок е висок, тој почнува да ги оштетува крвните садови, срцето и бубрезите. Тоа може да води до срцев напад, мозочен удар и други проблеми. Високиот крвен притисок е наречен “тивок убиец”, бидејќи обично не дава никакви симптоми додека ја предизвикува штета, седодека не дојде моментот на целосно запушување на крвните садови. Што предизвикува високиот крвен притисок? Во повеќето случаеви, докторите не можат да укажат на точната причина. Но неколку фактори се познати како причина за покачување на крвниот притисок: прекумерна тежина, конзумирање алкохол, семејна историја на висок крвен притисок, преголем внес на сол и стареењето.
Физичка активност и контрола на телесна тежина
- Редовното спортување се препорачува како метода во случајот на примарна и секундарна превенција од КВЗ. Физичка активност претставува важен фактор во превенцијата на коронарната артериска болест. Со намалување на физичката активност доаѓа до намалувањет на работната способност и побрзо стареење. Лицата кои веќе имаат дијагностицирано некое од заболувањата на КВЗ, својата физичка активност треба да ја прилагодат на нивната издржливост, без посебни оптеретувања и во согласност со лекар. Гојазните лица се предиспонирани за добивање на КВЗ со што влегуваат во групата на лица коишто им е неопходно физичка активност заедно со диетско – хигиенски режим на исхрана.
Внесување алкохол:
- Алкохолот пак преставува супстанца кој доколку се конзумира во поголеми количини предизвикува оштетување на црниот дроб, го оптеретува срцето и вилијае на психичката состојба на човекот. Според експертите најдена е врска помеѓу опивањето и преткоморната фибрилација, односно неправилниот срцев ритам. Луѓето кои редовно пијат големи количини алкохол се со поголем ризик за развој на животно-загрозувачки неправилен срцев ритам (атријална фибрилација), за разлика од оние што не пијат. Според истражувањето, колку повеќе една личност пие, толку е поголем ризикот од атријална фибрилација. Со други зборови, еден пијалок дневно го зголемува ризикот за 8%, два пијалока за 16%. Оние кои редовно пиеле поголеми количини на алкохол имаат 50% поголем ризик од атријална фибријалција.
Психички стрес
- Иако сеуште не е откриен директниот маханизмот на дејствување на стресот и КВЗ сепак се смета дека тој може да предизвика оштетување на срцето. Индиректниот начин на кој стресот го зголемува ризикот, во суштина се темели на покачување на крвниот притисок и покачување на нивото на холестеролот кои сами по себе преставуваат ризик фактори за појава на КВЗ.
Дијабет
- Лицата болни од дијабет се поизложени на ризикот да заболат од кардиоваскуларни заболувања. Дијабетот предизвикува промени на крвните садови кои доколку не се тртираат заедно со примарната болест можат да предизвикаат појава на КВЗ.
Превенција од КВЗ:
- Откажување од цигари,
- Правилна исхрана богата со витамини и минерали,
- Испитување и регулирање на холестеролот,
- Испитување и регулирање на високиот крвен притисок,
- Спроведување физичка активност,
- Регулирање на тежината без нагло варирање,
- Намален внес на алкохол,
- Одмор и релаксациони прошетки во природа.