декември 5, 2024

“Недела на борба против трговија со луѓе”

Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, и слобода на избор.

Со цел промоција и подигнување на јавната свест за превенција и борба против трговија со луѓе Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар традиционално ја одбележува “Недела на борба против трговија со луѓе” од 02 до 09.12.2024 година.

< врати се назад