
април 15, 2021
Недела на хигиенизација 8 – 15 април
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 15.04.2021 година реализираше 3 едукации на тема Промоција на хигиена и заштита од КОВИД-19 во ООУ “Киро Глигоров”.
На едукациите, кои се одржаа online преку платформата Microsoft Teams, учествуваа 77 ученици од 6то и 7мо одделение кои покажаа огромен интерес.
Едукациите беа од интерактивен карактер со практичен приказ од страна на едукаторот, односно кој е правилен начин на дезинфекција на раце, на безбедно ставање заштитна маска и заштитни ракавици, како и нивно безбедно отстранување. Учениците поставуваа прашања поврзани со нивните интереси и споделуваа лични искуства.







