април 10, 2023

Недела на хигиенизација 8-15 април

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општина Центар, по повод Недела на хигиенизација 8-15 април започнаа со реализација на едукации во градинките на територија на општина Центар.
Првата едукација се реализираше на 10.04.2023 со почеток во 10.30 часот. На едукацијата присуствуваа 37 дечиња од голема група од градинката ЈУДГ „13-ти Ноември“ – објект Парк.
Тема на едукацијата беше одржување лична хигиена, хигиена во домот и градинката и хигиена на храната. Исто така, направивме повторување колку често и како правилно се мијат забите.
Продолжуваме со активности во текот на целиот месец.
 
< врати се назад