
април 11, 2022
Недела на хигиенизација во соработка со ПСУ „Алгоритам Центар” и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“
Согласно календарот на традиционални активности, Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 8-ми до 15-ти април ја одбележува Неделата на хигиенизација, под мотото “Хигиената – лична обврска за колективно здравје”.
По тој повод, почетокот на Неделата го одбележивме на еден поинаков начин. Во рамки на ПСУ „Алгоритам Центар“, беа изработени сапуни од страна на учениците од ова средно училиште, во соработка со ученици на размена од Нови Сад, Србија.
Под мотото „Од ученици за ученици“, сапуните потоа беа донирани на ден 08.04.2022 на учениците кои се лица со попреченост и учат во ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“.
Соработката со двете средни училишта продолжува, а ваквите активности дополнително ја зајакнуваат и потврдуваат успешноста во работата на Општинска организација Центар.


