октомври 15, 2010

Недела на млади

Придонесот во Програмските активности на младинскиот потенцијал на О.О. Црвен крст Прилеп е огромен во текот на целата тековна година.

 

Оваа година Клубот на млади за одбележување на “Неделата на млади” како приоритет го одреди нивното квантитативно зголемување, за таа цел изготвени беа пораки со мапа и чекори како да стигнете и станете волонтер на О.О. Црвен крст Прилеп. Дистрибуцијата на пораките на 09.10.2010 година низ центарот на градот, кафулиња и места кои се таргет зони на младата популација со ролери извршија членови на Клубот на млади на О.О. Црвен крст Прилеп. Ангажманот на младите не заврши тука реализирана беше и театарска претстава на текстот “Приказна за една идеја” но прилагодена за деца од предучилишна возраст во 4 градинки во општина Прилеп, со цел развој на свеста за хуманитарни активности од најмала возраст.

< врати се назад