
октомври 10, 2023
Недела на млади 
По повод Недела на млади, која традиционално се одбележува од 1ви до 7ми октомври, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар организираше дружење на волонтерите од Клубот на млади.
За време на настанот кој се одржа во просториите на МладиХаб на ден 09.10.2023 со почеток во 19 часот, волонтерите освен што одлично се забавуваа, добија и подароци од Општинска организација Центар во знак на благодарност за нивниот ангажман и континуирана посветеност. 

Младите волонтери од Општинска организација Центар го изработија ова видео во рамки на одбележување на Недела на млади: https://www.youtube.com/watch?v=6r1Xey5xVck
Драги наши волонтери, вие сте силата на организацијата и неизмерно ви благодариме за секој час кој го посветувате на волонтирање во Црвениот крст. 






