
октомври 6, 2020
Недела на Млади на Црвен крст на Република Северна Македонија
Младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 01 – 07 Октомври традиционално ја одбележуваат „Неделата на млади“, во која што најчесто секој Клуб на млади организира отворен ден на кој го промовира волонтерството, волонтирањето во клубот на млади и активностите според кои клубот на млади е најпрепознатлив, и на тој начин да ги запознаат потенцијалните волонтери, партнери и граѓаните со истите.
Во клубовите на младите во Црвениот крст на РСМ се вклучуваат лица до навршени 30 години, а се дел од речиси сите програмски активности кои ги спроведува организацијата.
Имајќи ги во предвид актуелните состојби со Ковид 19, промоциите се случуваат локално преку социјалните мрежи и веб страните од општинските организации и Црвен крст на град Скопје.
Погледнете го нашето видео и станете дел од Клубот на млади за да имате вакви незаборавни моменти заедно со сите волонтери!
линк до видеото: https://youtu.be/9mE_9_2Bmoo











































