
Недела на Промоција на хумани вредности (ПХВ)
Започнувајќи од 2012 година, согласно традиционалниот календар на Црвениот крст, од 21 до 27 септември, се одбележува ПХВ неделата. Оваа година, заради пандемијата ќе се користат онлајн можностите за договори помеѓу групите кои ќе бидат формирани во секоја ООЦК.
Младите ќе имаат можност заеднички да творат, да направат трајно наследство за својот Клуб и за својата Општинска организација на Црвен крст, а со тоа и на целото Национално друштво. Тие ќе ја искористат својата креативност и својот потенцијал за создавање на игра/и за волонтери во својата средина и пошироко.
Играта може да биде board game (да се игра на маса, физички) или да биде електронска. Таа ќе биде поврзана со дисеминација за Црвениот крст, со тимската работа, со промоција на хумани вредности, со промоција на добрите дела во заедницата, со промоција на добри и хумани примери.
#RedCross #PromotionHumanValues #PHV