септември 21, 2020

Недела на промоција на хумани вредности – „ЗАМИСЛАТА НА НАШАТА МЛАДОСТ“

Според традиционалниот календар на Црвениот крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Секоја година активноста е унифицирана и се спроведува на територија на целата земја, во секоја Општинска организација на Црвен крст. Оваа година, ќе се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на нашите волонтери. Веќе еден месец младите го поминуваат креативниот процес на пишување преку кој треба да го опишат волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират.
Ни претставува огромно задоволство да ви ја претставиме нашата песна којашто беше изработена со неверојатна љубов и голема посветеност.
Ова е нашата замисла за младоста, за сите срца исполнети со хуманост и добрина. Нека овие наши стихови допрат до вас и нека ви бликнат лицата од радост. Уживајте!
 
 
< врати се назад