Недела на солидарност
Социјално – хуманитарната дејност е значаен сегмент од севкупната содржина на активностите на Црвениот крст на Македонија. Со реализација на социјално – хуманитарните активности Црвениот крст придонесува во подобрување на социјалната сигурност на граѓаните. Дел од овие активности е собирната акција по повод Неделата на солидарност која се одвива од 22-28 Април под мотото ,,Вашиот прилог- значајна помош’’ со цел да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош на ранливото население.
Во собирната акција учествуваа 20 волонтери на општинската организација на Црвен крст Прилеп кои што ги посетија домовите на хуманите граѓани и го дистрибуираа промотивните материјали со цел да се обезбедат парични средства. Паричните средства кои беа собрани од оваа акција ќе бидат наменети за набавка на храна за помош на утврдената целна група на ранливо население. Оваа акција наиде на огромна поддршка од населението кое што уште еднаш ја покажа хуманоста и ја утврди потребата од меѓусебната поддршка и помош на оние на кои што им е потребна најмногу. Исто така оваа акција беше поддржана и од О.О.У. „Рампо Левката“ од Прилеп кои донираа голема количина на пакети со облека, обувки и играчки.