
април 20, 2023
Недела на солидарност
Црвениот крст на Република Северна Македонија од 17-ти до 23-ти април 2023 година, традиционално ја одбележува Неделата на солидарност под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.
Општинска организација Центар, во рамки на хуманитарната акција, обезбеди 50 пакети со храна и 50 пакети со хигиенски средства за семејства во социјален ризик од општина Центар.
Дистрибуцијата на пакетите се реализираше во периодот 13-20 април.
Продолжуваме со поддршка на населението.