декември 1, 2011
Недела на стари лица
Општинската организација на Црвен крст Прилеп по повод “Неделата на грижа за стари лица“ реализира широка палета на активности. Со поддршка на ЕВН Македонија и соработка со Зружението на пензионери Прилеп во нивните простории реализирани се 75 мерења на шеќер во крвта. Не изземајќи ги најранливите лица од оваа категорија на 10 лица доделена е помош во храна и облека.
И секако за оние што најдолго се сами да им ги разубават деновите најмладите волонтери од Клубот на млади ги посетија старите лица во домот за стари “Киро Крстески Платник” поминувајќи со нив неколку ефективни часа.