
декември 17, 2024
Недела на Забоздравствена заштита
На ден 16.12.2024 година беа реализирани две едукативни предавања за забоздравствена заштита во градинките ЈУДГ ОЦ ” 13 Ноември” – објект Кукушка и ЈУДГ ОЦ ” Раде Јовчевски Корчагин” објект Пепелашка.
Посебна благодарност до др.Марина Стојкоска Туџаров за поддршката на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар за креативното предавање за најмалите со цел унапредување на негата и хигиената на забите.




