
декември 28, 2022
Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември
Ја подигнуваме свесноста за значењето на оралното здравје преку едукативни средби со најмалите – дечињата од прво одделение од основните училишта.
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар дистрибуираше детски четки за заби во сите основни училишта на територија на општина Центар – ООУ „Димитар Миладинов“, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Киро Глигоров“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Коле Неделковски“, ООУ „11 Октомври“ и ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ по повод Недела на забоздравствена заштита, која се одбележува од 15ти до 21ви декември.
Здравите заби се од суштинско значење за да се зачува правилното функционирање на организмот и да се одржи севкупното здравје и квалитетот на живот.

