декември 15, 2020

Недела на забоздравствена заштита 15-21 декември 2020

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 15-21 декември 2020 год. ќе ја одбележи Неделата на забозадравствена заштита со мотото: Здрави животни навики за здрави насмевки. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на оралното здравје, кое е клучен показател за целокупното здравје, благосостојба и квалитетот на животот. Повеќето орални заболувања и состојби имаат заеднички модифицирани фактори на ризик со водечките незаразни хронични болести (кардиоваскуларни заболувања, карцином, хронични респираторни заболувања и дијабетес). Овие фактори на ризик вклучуваат и употреба на тутун, консумација на алкохол и нездрава исхрана богата со рафинирани шеќери. Постои докажана врска помеѓу оралното здравје и општата здравствена состојба. Докажано е дека дијабетес мелитус е поврзан со развој и прогресија на периодонтитисот.
Клучни факти
 Оралните болести претставуваат голем здравствен товар за многу земји и влијаат на луѓето во текот на нивниот живот, предизвикувајќи болка, непријатност, изобличување, па дури и смрт.
 Се проценува дека оралните болести влијаат на скоро 3,5 милијарди луѓе.
 Нетретиран забен кариес кај трајните заби е најчестата здравствена состојба според студијата за Глобалното оптоварување на болести направена 2017 година.
 Повеќе од 530 милиони деца страдаат од забен кариес на примарни заби (млечни заби).
 Скоро 10% од глобалното население страда од напредна форма на пародонтална болест што може да резултира со губење на забите.
 Фактори кои придонесуваат за орални заболувања се нездрава исхрана богата со шеќер, употреба на тутун и употреба на алкохол.
 Добрата хигиена, редовните прегледи на забите и здравиот начин на живот допринесуваат во заштита на оралното здравје, без оглед на возраста.
 Повеќето орални заболувања во голема мера се спречуваат и можат да се лекуваат во рана фаза.

 

< врати се назад