октомври 13, 2023

Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес)

Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10ти до 16ти октомври 2023 година традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест (дијабетес) под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“.

Целта на кампањата е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превенција преку воспоставување на здрави животни навики.

Шеќерната болест (дијабетес) е хронично заболување кое се јавува кога панкреасот не продуцира доволно инсулин или пак кога веќе произведениот инсулин, телото не може ефективно да го искористи. Смртноста од оваа болест на годишно ниво е застапена со 5%. Најголем број на случаи заболени од дијабетес се на возраст од 45 до 64 години. Во Република Северна Македонија има околу 200.000 лица со дијабет тип 1 и тип 2.

 

< врати се назад