
Неделата за борба против срцевосадови заболувања
Црвен крст на Република Северна Македонија -Општинска организација Центар на ден 25.02.2025 организираше предавање за лицата во трето доба одбележуваајќи ја Неделата за борба против срцевосадови заболувања.
На наше големо задоволство предавањето на тема” Стареење на срцето и пошироко:Здравствени предизвици по пензионирањето” го одржа Проф.др.Лидија Поповска од Универзитетска клиника за Кардиологија.
На предавањето беа присутни 32 лица од трето доба членови на Здружението на пензионери на Општина Центар.
По завршувањето на предавањето следеа прашања од страна на присутните слушатели поврзани со здравствените проблеми поврзани со срцевосадови заболувања.
При објаснувањето и одговарањето на прашањата придонес дадоа 3 доктори специјализанти од Универзитетска Клиника за Кардиологија. Им благодароме за денешната заедничка активност.



