Некои работи стануваат секојдневие-направи ХИВ тест
Иако Македонија претставува земја со ниска преваленца и со најмал број на ХИВ инфирирани лица во регионот, сепак регионалните трендови покажуваат континуиран раст на ХИВ инфекцијата вклучувајќи ја и Македонија. Па затоа во рамките на проектот на Глобал фонд за борба против ХИВ/СИДА и Министерството за здравство на Р.М. во изминативе години беше зајакнат здравствениот систем преку паралелно зајакнување на улогата на НВО секторот (каде што спаѓаме и ние ) и јавно здравствени институции посебно во нудењето на сервисите за доброволно и доверливо советување на ХИВ и тестирање.
Единствен начин на кој што можеме да го дознаеме нашиот ХИВ статус е преку правење на ХИВ тест. Овие ХИВ тестирања и советувања се прават преку теренските лаборатории за тестирање и ХИВ советување во соработка со НВО Хера и локалните Центри за јавно здравје.
Оваа година О.О. Црвен крст Прилеп како дел од мрежната поврзаност на ДДСТ организира промотивни активности под слоганот “Некои работи стануваат секојдневие-направи ХИВ тест”. За таа цел реализирани се едукативно информативни работилници со промотивен карактер ставајќи акцент на ДДСТ и актуелизирајќи ја потребата за ХИВ тестирање кај општото население. Истовремено се врши и дистрибуција на едукативно – пропагандни материјали за општата популација во општината