
мај 31, 2023
No-tobacco day
По повод World No-tobacco Day – Светскиот ден на борба против пушење, врсничките едукатори од Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на 31.05.2023 година ги пренесоа своите знаења на учениците од седмо одделение од ООУ „Димитар Миладинов“ на тема „Првенција од болести на зависност“. Беа реализирани 4 едукации за 85 ученици за време на кои се опфатија темите зависност од цигари, алкохол и дрога, нивно препознавање и превенција. Се стави акцент на начините на превенција и ефектите кои зависностите ги имаат врз човековото физичко и ментално здравје.