
ноември 27, 2020
Ноември – Месец на борба против болести на зависност
Црвениот крст на Република Северна Македонија, секоја година месец ноември го одбележува како Месец на борба против болести на зависност. Пандемијата со која се соочуваме во моментот ни наложува сите активности да ги спроведуваме онлајн.
Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар, по повод одбележување на месецот, реализираше 3 едукации во ООУ „Димитар Миладинов“ за учениците од 9то одделение, односно вкупно беа опфатени 103 ученици. За време на едукациите се развија дискусии на оваа тема која повлекува многу прашања и е секогаш актуелна. Учениците преку интеракција го покажаа својот интерес да научат нови нешта и да се информираат повеќе. И понатаму продолжуваме со онлајн едукации и активности за информирање, едукација и подигнување на свеста.





