
ноември 26, 2021
Ноември – Месец на борба против болести на зависност
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар по повод месецот на борба против болести на зависност, на ден 12.11.2021 година, реализираше едукација за волонтери од Клубот на млади и за ученици од ПСУ „Алгоритам Центар“ на тема „Зависности и нивно лекување“ во соработка со Здружение на клубови на лекувани алкохоличари и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Кисела Вода.
Тие, преку примери, се запознаа со влијанието на алкохолот, цигарите и дрогата врз човековото здравје, кои како тие можат да прераснат во лоша навика, но и како да препознаат зависници и да одбијат понуда. Предавач на едукацијата беше Славица Шекуткоска – специјалист по социјална работа во здравство.

