ноември 10, 2011

Нов ПХВ Циклус

Проектот ПХВ (Промоција на Хумани вредности) е инициран во 1996 година од страна на Норвешки Црвен крст, а подготвен од страна на Меѓународен комитет на Црвен крст во соработка со Црвен крст на Р.Македонија и Министерството за образование и наука.  Целта на ПХВ програмата е промовирање култура на дијалог како основа за интеркултурно општество преку промовирање на вредностите на Црвен крст и промовирање на активни знаења како основа за активен пристап кон животот. Оваа програма иницира и изработка на мали хуманитарни проекти кои што се изработени од страна на младите за целни групи кои самите ги одбираат.

На ден 07.11.2011 година се одржа првата ПХВ дисеминација на која учесниците беа запознати со движењето на Црвен крст и неговите принципи, но исто така и се запознаа меѓу себе затоа што всушност ќе треба да се оформат тимови кои ќе ги спроведуваат микрохуманитарните проекти. Ова е почетокот на ПХВ циклусот во ООЦК Прилеп. Втората дисеминација ќе се одржи на 22.11.2012 година. После овие дисеминации младите ќе бидат подготвени да почнат да ги изработуваат проектите. Оваа програма претставува една од најважните во Црвен крст а воедно служи и како програма со која се регрутираат нови членови- волонтери во Клубот на млади при ООЦК.

< врати се назад