Нова Година во Црвен крст
По повод одбележувањето на Новогодишните празници на 26.12.2012 година, Општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со ЕВН, подели 70 новогодишни пакетчиња кои беа донација од ЕВН како показател на општествената одговорност која ја има компанијата.
Овие новогодишни пакетчиња им беа поделени на децата од социјално загрозени семејства. По повод овој настан од страна на волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, подготвија новогодишна атмосфера со тоа што беа припремени костуми на Дедо Мраз при што целосно беше доловена атмсоферата. Веселата атмосфера беше надополнета со новогодишни песнички од децата но исто така и беа искажани и новогодишните желби од страна на децата кон волонтерите кои беа Дедо Мраз.
Целиот настан беше и медиумски покриен од страна на локалната телевизја Канал Визија. Црвен крст Прилеп продолжува со предновогодишните активности кои се однесуваат на различни целни групи.