септември 11, 2023

Нови волонтери во Клубот на млади

Клубот на млади на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар организираше дисеминациска сесија за Црвениот крст за новите волонтери во Клубот на млади кои се приклучија во текот на летото. По дисеминациската сесија, тие реализираа и состанок на Клубот за време на кој ги информираа волонтерите за претстојните активности и за сите планови што следат во месец септември. Исто така, дел од волонтерите кои беа присутни, поделија флаери на случајни минувачи во паркот кои би биле потенцијални волонтери во иднина.
Средбата се одржа во Градскиот Парк на ден 07.09.2023 година во периодот од 17 до 20 часот и на истата присуствуваа вкупно 17 волонтери.
 
 
 
< врати се назад