
декември 29, 2023
Новогодишни пакетчиња за децата од ЈУ Детски Дом “11Октомври” – Скопје во соработка со ФСС на Економски факултет
Во знакот на Новогодишните празници Општинска организација на Црвен крст Центар ја продлабочи соработка со Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет при што се собраа донаци со кои се подготвија Новогодишни пакетчиња за децата од ЈУ Детски Дом “11Октомври” – Скопје. Вкупно беа опфатени 70 дечиња на кои се надеваме им ја разубавивме Новата година.


