
декември 27, 2024
Новогодишна забава во Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар
Новогодишна забава во Клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар
На 23.12.2024 во Студентскиот културен центар, Клубот на млади на Црвен крст Република Северна Македонија – Општинска Организација Центар организираше новогодишна забава за волонтерите и членовите.
На настанот се обрати Лидерот на Клубот на млади, заедно со Секретарот на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, кои направија мала ретроспектива за активносите кои што се реализираа годинава и им дадоа поттик и мотивација за поуспешна работа во новата 2025.
Нека ни е среќна и успешна новата година на сите!









