декември 29, 2010

Новогодишни активности со Дневниот центар за деца со посебни потреби

Новогодишниот дух карактеристичен за Божиќните и Новогодишните празници провејува и кај младите волонтери на О.О. Црвен крст Прилеп. Со нескриен ентузијазам и алтруистичка насоченост, младите во согласност со Принципите на Движењето на Црвениот крст, транспарентно и несебично им го доближуваа Божиќниот дух на локалното население и на лицата на кои им е најпотребно.

 

Во рамките на ПХВ проектот и ЛАП за деца со посебни потреби, младите волонтери при О.О. Црвен крст Прилеп заедно со лицата штитеници на Дневниот центар и вработените ги украсуваа просториите со Новогодишни и Божиќни декорации. Волонтерите изработија Новогодишни честитки создадени во рамките на креативните работилници со деца со посебни потреби кои честитки ги адресираа до локалните институции и организации кои соработуваат со Центарот посакувајќи им успешна година, а поголемиот дел од честитките волонтерите ги продаваа на граѓаните побудувајќи го кај нив чувството за добродетелство и помагање на ранливите лица. Собраните парични средства од продажбата на честитките се наменети за потребите на Дневниот центар за деца со посебни потреби.

< врати се назад