декември 29, 2014

Новогодишни пакетчиња и за Детската Клиника во Скопје

На ден 26.12.2014 (петок), Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар ја реализираше својата предновогодишна активност во склоп на проектот „Зошто сум во болница“ на Детската Клиника во Скопје со делење на новогодишни пакетчиња на децата од одделот онкологија. На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Центар и Секретарот на ЦКРМ – Општинска Организација Центар. Активноста помина во најдобар ред, каде што волонтерите се обидоа да им го разубават предновогодишното секојдневие на дечињата кои престојуваат таму.

< врати се назад