
декември 25, 2020
Новогодишни пакетчиња и желба за подобро утре
Во пресрет на Новата година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ги израдува најмладите. На 25.12.2020 волонтерите прошетаа низ уличките во близина на Скопско Кале и ги израдуваа најмалите – 80 дечиња добија новогодишни пакетчиња. Нивните насмевки на лицата говорат за радоста што им ја причинува оваа дружба, иако на дистанца. Нека Новата Година донесе многу здравје, среќа и радост во сечиј дом!