декември 25, 2014

Новогодишни пакетчиња за ЈЗУ.Завод за рехабилитација,слух и говор

На ден 24.12.14 со почеток во 14:30 часот, Клубот на Млади на Општинска Организација на Црвен Крст Центар заедно со здружението МУСЦ Македонија, ги посетија најмладите во ЈЗУ „Завод за рехабилитација на слух, говор и глас“, каде што се потрудија да им го разубават предновогодишното секојдневие со делење на пакетчиња и дружба со Баба Мразица, волонтерите и претставниците од МУСЦ. Настанот помина во најдобар ред, со многу насмевки и весела атмосфера.

< врати се назад