септември 14, 2021

Обезбедени сандачиња по прва помош за сите основни и средни училишта во општина Центар

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар ја потврдува одличната соработка со училиштата на територија на општина Центар преку најразлични активности.

 

 

Со обезбедување на 10 сандачиња по прва помош со сите потребни материјали според стандардите за СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, како и по 6 сандачиња за средните училишта ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“, ДСУЛУД „Лазар Личеноски“, ДУФК „Методи Митевски – Брицо“, и основните ООУ „Коле Неделковски“ и ООУ „Кочо Рацин“, сите училишта кои се на територија на општина Центар поседуваат опремени сандачиња по прва помош.

Продолжуваме и понатаму со соработката со сите образовни институции во општина Центар.

 

< врати се назад