ноември 24, 2014
Обезбедување на прва помош на Трет Меморијален полумаратон “Горан Стојанов”
Во недела, 23.11.2014 година во Градски парк во Скопје се одржа 3та Меморијална полумаратонска трка “Горан Стојанов” во организација на Maraton Klub Delta. Тим од обучени младинци за пружање на прва помош беше во обезбедување на полумаратонската трка на која учество земаа повеќе од 50тина учесници. Трката помина во најдобар ред без ниту една интервенција на тимот за прва помош на Клуб на Млади на ООЦК Центар. По завршувањето на полумаратонот одбележувањето продолжи и со Фамилијарна трка и со Ултрамаратон од 6 часа. Честитки до организаторите на одличната организација на целиот настан.