Обезбедување прва помош при планинарски марш
Општинската организација на Црвен крст Прилеп одржува постојана соработка со Невладините организации и Здруженија во градот, а како потврда на тоа е одговорот на поканата од планинарското друштво ЕПД „Картуш“ за учество на Меморијалниот годишен марш.
На 19.03.2013 година (Недела) се организираше 8-миот Меморијален марш „Пеце Андоноски-Музичарот“ од страна на ЕПД ,,Картуш” каде што Општинската организација на Црвен крст Прилеп учествуваше со екипа за обезбедување прва помош во случај на повреда. Патеката беше долга 18 километри и маршот се одвиваше по Селечка планина. Стартот на маршот беше на Плетвар, а додека пак целта на маршот беше во селото Селце-манастирот св.Димитрија. На овој марш учествуваа 9 волонтери од Црвен крст кои беа придружбена екипа со посебна задача – обезбедување прва помош. На целта беше организирана прослава како и заеднички ручек каде што и се доделуваа благодарници на различни планинарски друштва, спонзори, а воедно и на Општинската организација на Црвен крст Прилеп како знак на благодарност за активното учеството на овој марш.
Црвен крст Прилеп во континуитет работи на промоција на првата помош која претставува една од основните дејности на Црвениот крст.