
Обиколка на центарските улици и најфреквентните локации во општината
Во рамките на активностите на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар по повод топлотниот бран кој ја зафати нашата држава, а по иницијатива на Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски, денешната обиколка на центарските улици и најфреквентните локации во општината ја направивме заедно.
Волонтерите на Општинската организација Центар заедно со градоначалникот, кој не удостои оваа акција да ја реализира со амблемот на организацијата, делеа вода на случајните минувачи со препораки за заштита од високите температури. Волонтерите во секој момент беа подготвени да укажат и прва помош доколку имаше потреба од тоа.
Тимовите со своите активности продолжуваат и понатаму, секој ден од 11.00 до 15.00 часот, се додека има потреба од истото.



