декември 4, 2014

Обука на темата *Дејство на психоактивните супстанци*

На ден 03.12.2014 година, среда, во склоп на активностите на Клуб на Млади на Општинска организација на Црвен Крст Центар беше одржана неколку часовна обука со цел обучување на новите врснички едукатори на Клубот на млади за темата „Дејство на психоактивни супстанции”. Обуката беше одржана во просториите на општинската организација на Црвен крст Центар со почеток од 14:00 до 18:00 часот. Истата ја спроведоа двајца обучени едукатори на таа тема и на неа присуствуваа 10 врснички едукатори кои во иднина ке држат едукации на оваа тема.

< врати се назад