Обука на врснички едукатори
Клубот на Млади на ООЦК Центар во периодот од 10-12.10.2014 година, реализираше тродневната обука на нови врснички едукатори за потребите на клубот
Обуката се одржа во просториите на општинската организација и истата беше спроведена од страна на Аленка Шопова и Софија Стојановска, а под супервизија на националните тренери Дамјан Николовски и Никола Додов.
На обуката присуствуваа 10 волонтери од клубот и истата помина во работна и позитивна атмосфера. На крајот од обуката изградивме еден поцрврст тим кој понатака ќе продолжи да дејствува на ова поле.
Целта на оваа обука е да се надоградат капацитети на Клуб на Млади на ООЦК Центар, преку здобивање со вештини како да ја пренесат подобро информацијата од најразлични теми од дејностите на Црвениот крст на своите врсници.