
мај 26, 2020
Обука на врсничките едукатори на тема „Болести на зависности“
Продолжениот викенд врсничките едукатори од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар го искористија да се дообучат на тема “Болести на зависности”.
На дообуката учествуваа и врснички едукатори од Општинска организација Кисела Вода и Општинска организација Карпош.





Во текот на обуката, врсничките едукатори се стекнаа со знаења и вештини кои им се неопходни за да можат да започнат со врснички едукации на оваа тема.
Во претстојниот период се планира дообука и на темите “Трговија со луѓе”, “Сексуално преносливи инфекции”, “Забоздравствена заштита” и “Хигиена”.
Им посакуваме успешна работа и многубројни едукации!
