
јуни 1, 2020
ОБУКА НА ВРСНИЧКИТЕ ЕДУКАТОРИ НА ТЕМА “СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ”
ОБУКА НА ВРСНИЧКИТЕ ЕДУКАТОРИ НА ТЕМА “СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ”
Оваа сабота врсничките едукатори од Клубот на млади при Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, заедно со врснички едукатори од Општинска организација Кисела Вода, се вклучија онлајн на дообука на тема “Сексуално преносливи инфекции”.





Врсничките едукатори за време на обуката се здобија со знаења и вештини кои им се неопходни за започнување на врсничките едукации на оваа тема.
Во текот на месец јуни се планира дообука и на темите “Трговија со луѓе” и “Забоздравствена заштита”.
Им посакуваме успешна работа на врсничките едукатори и многубројни едукации!
